дома Хроника ПОШТАР НАПАДНАТ ВО ВОЛКОВО, ОДЗЕМЕНИ ПЕНЗИСКИ ЧЕКОВИ: Две воopyжени лица ограбиле поштар...

ПОШТАР НАПАДНАТ ВО ВОЛКОВО, ОДЗЕМЕНИ ПЕНЗИСКИ ЧЕКОВИ: Две воopyжени лица ограбиле поштар кој доставувал пензии

Вработен во пошта бил нападнат од страна на две лици кои воopyжени му ја одземале торбата во која ги носел пензиските чекови за локалното население во Волково.

Воopyжен грабеж рано утрово се случил пред поштата во село Волково, објави „Република“. Инцидентот бил пријавен во 7:05 часот утрово од страна на З.Ц. (52) од Скопје, кој додека извршувал достава во поштата, бил пресретнат од две непознати лица, кои со закана со opyжје му одзеле четири торби.

Во торбите, според пријавеното, се наоѓале само чекови за пензија.