дома Хроника (Фото) Ce бapa со потepница: По akциjaта на MBP еден полициckи cлyжбeник...

(Фото) Ce бapa со потepница: По akциjaта на MBP еден полициckи cлyжбeник во бeгcтвo

Скопјанецот Раиф Мифтари е лицето што се гони за посредување за македонски пасоши со лажен идентитет. Министерството за внатрешни работи на веб страницата објави дека е распишана меѓународна потерница по него.

Тој пред четири дена успеа да им избега на припадниците на МВР, кои ја спроведуваа акцијата, а во која беа уапсени десет лица. За него беше распишана локална потерница, а откога не е пронајден, Обвинителството издаде наредба за распишување меѓународна. Тоа значи дека постојат сомневања дека Мифтари е надвор од Македонија.

– Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ, стои на веб страницата на МВР.