дома Сцена ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СТАНЕ МАЈКА: Пејачката го откри полот и името...

ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СТАНЕ МАЈКА: Пејачката го откри полот и името кое ќе го носи детето

Пејачката Сека Алексиќ наскоро по втор пат ќе стане мајка, а по долго криење на името кое го одбрале за својот втор син.

Имено пејачката за српскиот магазин „Стори“ изјавила дека не и било важно кој пол ќе биде нејзиното второ дете.

-Не ги оправдувам родителите што ги делат децата момчиња и девојчиња. Треба да бидеме благодарни на тоа што нам Бог ни дал здраво дете, а полот е потполно небитен, искрена е Сека.

Таа открила и како ќе се вика нивниот втор син.

-Вељко и јас се радување ма доаѓањето на Исак исто како што се радувавме на доаѓањето на Јаков. Едвај чекам да го земам во раце и притиснам на градите, вели Сека.

Името Исак инаку е хебрејско, а значи Бог се насмеал или Бог предизвикал нечија насмевка. Ова име инаку го даваат родителите на децата кои долго ги очекуваат.

-Двете имиња имаат посебни значења за нас и Јаков и Исак, додава на крајот Сека која е среќна трудница и треба да се породи во февруари идната година.

СЕКА АЛЕКСИЌ