дома Европа По Данска, и Норвешка ја пpekина вakцинацијата со „АстраЗенека“

По Данска, и Норвешка ја пpekина вakцинацијата со „АстраЗенека“

Норвешка денес ја прекина имунизацијата со вакцината „АстраЗенека“, откако Данска го стори тоа претходно денес.

„Оваа одлука е донесена од претпазливост“, рече Геир Букхолм, директор на одделот за превенција и контрола на инфекции во Норвешкиот институт за јавно здравје, на прес-конференција, објави Ројтерс.

Данската национална агенција за здравство претходно денес објави дека привремено ја прекинува имунизацијата со вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 по формирањето на згрутчување на крвта кај неколку лица кои биле вакцинирани, од кои едното, наводно, починало, објави Гардијан.

Британскиот весник наведе дека данската агенција објавила дека дефинитивно не ја утврдила врската помеѓу згрутчувањето и вакцината, но наведе дека ги замолила регионалните власти, одговорни за воведување вакцинација, засега да престанат да ја користат вакцината „АстраЗенека“.