дома Спорт ПО ОДЛИЧНАТА ФОРМА МАРСИЈАЛ КОНЕЧНО ПОВИКАН ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА: Најдобриот стрелец на Манчестер...

ПО ОДЛИЧНАТА ФОРМА МАРСИЈАЛ КОНЕЧНО ПОВИКАН ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА: Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал се врати во националниот тим на Франција

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал се врати во националниот тим на Франција за натпреварите со Холандија и Уругвај овој месец.

Дваесет и две годишниот Марсијал не беше во составот на „петлите“ на Светското првенство во Русија во текот на летото, но силниот старт на сезоната и шесте гола во десетте натпревари како стартер за „црвените ѓаволи“ му обезбедија место меѓу избраниците на Дидие Дешамп.

Франција и гостува на Холандија во Ротердам на 16 ноември во последниот натпревар од групата 1 на Лига „А“ на Лигата на нациите, а четири дена подоцна го пречекува Уругвај на „Стад де Франс“ во контролна средба.