дома Сцена ПО ПОВРЕДАТА: Мадона ја продолжува светската турнеја во Лондон

ПО ПОВРЕДАТА: Мадона ја продолжува светската турнеја во Лондон

Мадона продолжи со светската турнеја „Мадам Икс“ со настап во Лондон, откако претходно откажа неколку концерти во Португалија и Велика Британија поради повреда, објави британски Би-би-си.

Поп-ѕвездата во средата излезе на сцената со штитник за колено, но сепак одби да направи отстапки за „неописивата“ болка што ја преживува од неодамна, тврди британскиот јавен сервис.

Таа изведуваше удари со нога во височина, јога пози, па дури и шпаги за време на дво и полчасовниот спектакл.

И им порача на фановите дека е „среќна што успеа да дојде“ во Паладиум откако во понеделникот го откажа својот прв концерт во Велика Британија.

„Како е можно да не се појавам во Лондон?“ додаде таа.

Лондонскиот Паладиум има само 2.286 седишта, што значи дека настапот во средата вечерта е најмал концерт на Мадона во Велика Британија.