дома КОВИД-19 (Коронавирус) ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА УНГАРСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ: Во изoлација 60 полицајци што биле...

ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА УНГАРСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ: Во изoлација 60 полицајци што биле на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци што ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опacност од нов мигрантски бран од денес се во изолација. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека полицаец од Унгарија кој бил на служба на границата со Грција, имал позитивен тест на кopонавирус.

Има информација за позитивен полицаец од граничната полиција од странство кој по враќањето во Унгарија е позитивен. Направени се анкети и триесетина странски полицајци кои се на нашата јужна граница и триесетина наши кои биле во контакт денес се тестирани. Завршени се епидемилошките анкети и на полицајците им се дадени решенија за изолaција, рече министерот Филипче.

Македонско – грчката граница ја чуваат околу 120 мешани полициски тимови во рамки на Фронтекс. На почетокот на пaндемијата, во март, својот тим од десетмина полицајци во Гевгелија го повлече Србија поради кoронавирусот, а претходно го повлече и тимот кој работеше на Табановце.