дома Хроника ПО ПРОТЕСТИТЕ ЗА АЛМИР: Каменуван автобус кај Бит-Пазар, едно лице приведено

ПО ПРОТЕСТИТЕ ЗА АЛМИР: Каменуван автобус кај Бит-Пазар, едно лице приведено

Автобус со број 50 кој сообраќал во правец спрема Центар, бил каменуван денеска попладне на булвеарот „Крсте Мисирков“ во близина на пешачкиот мост.

Неколку лица фрлале со камења кон автобусот, а полицијата привела еден од нив, 22-годишник со иницијали А.М. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители.

Не е познато дали овој инцидент е поврзан со протестот за малиот Алмир, кој се одржа пред Владата. Каменувањето на автобусот следело откако толпата се разотиде од протестот.