дома Македонија ПО СВЕДОШТВАТА НА 13-КА: Милошоски побара обвинителството да ги вештачи телефоните на...

ПО СВЕДОШТВАТА НА 13-КА: Милошоски побара обвинителството да ги вештачи телефоните на Заев и на Боки

Обинителсвото да отори истрага и да ги вештачи телефоните на Бојан Јовановски, Боки 13, првообвинет во „Рекет“, како и на поранешниот премиер Зоран Заев, побара на денешната прес-конференција Антонио Милошоски, по излагањето на завршните зборови за случајот „Рекет“ на Јовановски и на поранешната специјална обивинителка Катица Јанева, кои отворија основано сомнение за соучество на Заев во случајот.

Тој ова барање на ВМРО-ДПМНЕ го образложи поради сомнение дека Заев е сооуесник и налогодавач, како што рече во најголемата финансиска афера во Македонија.

Дали доказите на Обвинителството прво одат на проерка кај Заев, а потоа одат во судница, праша Милошоски.