дома Временска Прогноза По сончевиот викенд, од утре неочекуван пресврт

По сончевиот викенд, од утре неочекуван пресврт

Викендов ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време, поради што ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка на планините.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и се уште топло време. Попладне најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.