дома Занимливости По стапките на Мики и Светле: Моника Црнокрак избрана за Мис фотогеничност

По стапките на Мики и Светле: Моника Црнокрак избрана за Мис фотогеничност

Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак, Моника Црнокрак ја претставуваше Македонија на изборот за убавина Miss Summer International 2018, кој пред два дена се одржа во „Мерит Ројал и Премиум“ во Киренија, Кипар.

Таа успеа да ја освои титулата за Мис фотогеничност во нејзиниот прв интернационален настап како претставник на Македонија и така продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак која многу пати учествувала на избори како во Македонија, така и низ светот и освојувала титули, велат од модната агенција Црнокрак.

Поддршка на изборот добила и од семејството кое биле заедно со неа, а мама Светлана вели дека е горда што има достојна наследничка и е сигурна дека нејзината Моника ќе продолжи да ниже успеси.

„Горда сум, и тоа многу“, накусо прокоментира Светлана.

Инаку, парот неодамна одбележа и 21 година брак, а по тој повод од ќерките добија торта како изненадување.