дома Социјални Мрежи По тригодишна пауза маестро Дурловски се враќа на меѓународната сцена

По тригодишна пауза маестро Дурловски се враќа на меѓународната сцена

Македонскиот оперски пејач, Игор Дурловски, по подолга пауза конечно повторно се враќа на меѓународната сцена. По тригодишната пауза, Дурловски ќе одржи три концерти и тоа во Хановер, Манхајм и Дрезден

„Радосен што можам да споделам со вас дека во Декември, после три години, се враќам на меѓународната сцена со три концерти во Хановер, Манхајм и Дрезден. Убајни кај сите нека има. Ваш Игор“, сподели тој на социјалните мрежи.