дома Македонија ПО ЦЕЛИ ДЕНОВИ ФОТОКОПИРАЛЕ ДОКУМЕНТИ: Во министерството за култура вработени копирале документи...

ПО ЦЕЛИ ДЕНОВИ ФОТОКОПИРАЛЕ ДОКУМЕНТИ: Во министерството за култура вработени копирале документи за „Скопје 2014“ на барање на СЈО

Вработени во Министерството за култура секојдневно фотокопираат документи на барање на Специјалното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција, откри министерот Асаф Адеми, во гостување на телевизиска емисија на „ТВ 21“.

Адеми рече дека неколку вработени по цел ден фотокопираат документи.

Станува збор за документи што се дел од истрагата за проектот „Скопје 2014“, односно за градењето на 10 објекти за кои постои сомневање дека при нивна изградба биле проневерени пари.

Замислете колку обемна документација беше потребно да се фотокопира и да им се достави на истражните органи. Верувајте дека значителен број вработени во Министерството не прават ништо друго освен што копираат документи, изјави Адеми.

СЈО за проектот „Скопје 2014” има отворено еден предмет, „Тендери“, каде првоосомничена е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Освен неа, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.