дома Свет ПО ШЕСТ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА СРЦЕ: Почина Дејвид Рокфелер!

ПО ШЕСТ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА СРЦЕ: Почина Дејвид Рокфелер!

Познатиот американски милијардер Дејвид Рокфелер почина денеска на возраст од 101 година. Роден 12 јуни 1915 година, Дејвид беше еден од најистакнатите членови на богатото семејство Рокфелер.

Богатството на семејството доаѓа од нафтената компанија „Стандард оил“. Дејвид Рокфелер беше успешен банкар и сопственик на групација банки.

Пред две години ја имаше шестата трансплантација на срце.

Давид беше последниот преживеан внук на Џон Рокфелер, тајкунот кој е основач на „Standard Oil Company“ во 19 век и изгради богатство што го направи првиот милијардер во Америка, а неговото семејство едно од најбогатите и најмоќните во историјата на земјата.

Како наследник на тоа наследство, Давид целиот свој живот го поминува во баронскиот сјај и привилегиите, без разлика дали во Менхетен или величествениот имот ширум Соединетите Држави.