дома Македонија „Правда за Алмир“ утрово пред Собрание на протест

„Правда за Алмир“ утрово пред Собрание на протест

Иницијативата „Правда за Алмир“, утрово во 9:15 часот ќе одржи симболичен протест пред Собранието на Република Македонија, во пресрет на обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

„Утре во 9:15 пред Собрание на РМ, да ја поздравиме г-ѓа Могерини“, стои во повикот.

Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој, но и сите останати случаи за кои има индиции дека се неправедно пресудени.

Тие испратија и писмо до амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија, во кое го бараат нивното внимание случајот со Алмир, но и за македонското правосудство за кое велат дека е далеку од непристрасно и праведно.