дома Актуелно Право на носење opyжje и употреба за caмooдбpaнa е атрибут на слобода,...

Право на носење opyжje и употреба за caмooдбpaнa е атрибут на слобода, решија Чешките законодавци

Чешките законодавци го одобрија уставниот амандман со кој се одобрува употребата на огнено оружје во самоодбрана – ова ново право на граѓаните на Чешката Република ќе биде дел од преамбулата на Уставот во земјата со која се определуваат основните човекови права и слободи.

Амандманот е одобрен како реакција на ревидираната директива на Европската Унија од 2018. година со која се наметнуваат низа на забрани и стриктна контрола на набавка и поседување на огнено оружје како и целосна забрана за неколку полу-автоматски типови на оружје за цивилна употреба. Директивата беше ревидирана по терористичкиот акт во Париз во 2015.

Во моментов во Чешка има преку 300.000 регистрирани сопственици на огнено оружје. Поседувањето на оружје во Чешка се смета како атрибут на слобода по забраната за поседување на оружје за време на Нацистичката окупација.

Ваквиот амандман го поддржаа и 100.000 граѓани на петиција.