дома Занимливости ПРАЗНИЧНО ЗАПРОСУВАЊЕ:Дедо Мраз ѝ предложи брак на Баба Мразица 40 години откако...

ПРАЗНИЧНО ЗАПРОСУВАЊЕ:Дедо Мраз ѝ предложи брак на Баба Мразица 40 години откако се запознале

Празнични фотографии, на кои Дедо Мраз ѝ предлага брак на Баба Мразица, топлат срца ширум светот.

Трој Тод (Дедо Мраз) и Шерил Хокер (Баба Мразица) се запознале пред 40 години, додека и двајцата биле во основно училиште. Тие имале симпатии еден за друг долги години, но никогаш не отишле на љубовен состанок.

Откако завршиле школо, Трој и Шерил продолжиле со животот по различни патишта и основале свои семејства. Оваа година, животот повторно ги спои. Откако дознале дека и двајцата се сингл, започнале врска.

За да ѝ го приреди најубавото изненадување на својата сакана, Трој договорил фотосесија со професионална фотографка. Додека позирале заедно со Шерил, тој клекнал на колено и од својата торба го извадил вереничкиот прстен.

„Бев многу изненадена и загрижена кога клекна на колено. Мислев дека само си ја зема неговата дедомразовска торба и сакав да му помогнам. Тогаш, тој извади кутија. Солзи веднаш ми потекоа по лицето“ – изјавила Шерил.