Димовски додаде дека наспроти тврдењата и ветувањата кои што СДСМ ги даваше дека Собранието ќе работи транспарентно и ќе отвара дебати за секоја тема, денес има ситуација со која се крши и Деловникот за работа и сите досегашни пракси за избор на заменици министри. Тој потенцираше дека пратениците на СДСМ не се ништо друго освен обична гласачка машина.
Не знам која е причината дали има нешто да се скрие, дали има некој од заменициве за кој што не треба да се дознае нешто пред да биде избран, но ова е спротивно на сето она што досега и господинот Џафери и господинот Заев го говореа каква улога треба да има Собранието. Собранието и пратениците на овој начин навистина ќе има улога на гласачка машина, додаде Димовски.