дома Европа ПРАТЕНИЧКИ СЕ СТЕПАА ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Сите завршија во болница

ПРАТЕНИЧКИ СЕ СТЕПАА ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Сите завршија во болница

Три пратенички се хоспитализирани ноќта кон саботата во меѓусебната тепачка која кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на шефот на државата, пишува весникот Hurriyet.

Назлиака ги повикуваше пратениците да ги отфрлат предлозите за уставните реформи предложени од владејачката Партија на правото и развојот (АКР) во текот на дискусијата за клучниот осмиот член од законот, но нејзините политички опоненти се обидоа да ја ѝ ги извадат лисиците и да ја отстранат од парламентарната говорница.

Во расправијата којашто премина во физичка пресметка се вмешаа повеќе пратенички и пратеници од различни парламентарни групи, по што во мешаницата повеќето биле полесно повредени, а три се хоспитализирани, од кои две со повреди на нозете, а една поради аритмија откако добила удар во градите.