дома Занимливости Првата дама Елизабета Ѓoргиевска во пурпурно виолетова креација на „Охридско Лето“

Првата дама Елизабета Ѓoргиевска во пурпурно виолетова креација на „Охридско Лето“

На отворањето на јубилејното 60 издание на Охридско Лето, присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

Првата дама се појави во долг лелеав фустан во пурпурна виолетова нијанса, како асоцијација на длабоките нијанси на езерото после полноќ.

Фустанот е обмислен како силуета во два слоја, со асиметрично поставени фалти во горниот дел.

Зад дизајнот се потпишува македонската дизајнерка Лидија Георгиева, чија инспирација била античкиот театар во Охрид и која како вели, направила спој на елеганцијата и модерната класика.

За потсетување, на отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св Софија”, како и Црквата „Св. Софија” од 4 до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји.