дома Актуелно Пpвaтa пyшka повтopно пykна во Kyманово: Maкcим Димитpиeвcки го вpaќа opденот кoj...

Пpвaтa пyшka повтopно пykна во Kyманово: Maкcим Димитpиeвcки го вpaќа opденот кoj гo дoбил од Kapaкачанов

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил најави дека ќе го врати „орденот“ што го добил од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

„Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна’ во 2018 година од страна на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов ќе му го вратам назад заедно со протестно писмо поради изјавите кои не водат кон добри меѓусоседски односи.
Овој орден ми го врачија по повод заедничкото чествување на 22.10.2017 година на битката на Страцин каде во Октомври 1944 година партизанските единици од НОБ, кумановската дивизија и бугарската армија водат борби со германските војски кои ја штитеа одстапницата на германската Е Армија во овој дел на Македонија, датум и жртви вредни за заедничко чествување и почит.

Ако разговараме за помирување и смирување на односите, заедничко чествување на настани кои не обединуваат како народи недозволиво е во 21 век да има претставници во Влада на земја членка на ЕУ со изјави кои се со заканувачки и омаловажувачки карактер по националниот идентитет на соседите. Нема да дозволиме да се поминат црвените национални граници, особено кога тука, по однос на ова прашање имаме национален консензус и поддршка од сите етнички заедници. Никој нема право да го оспорува нашиот идентитет и наместо да се гледаме во историјата, потребно е да се насочиме кон иднината“.

(…)

Напоменувам, мојот гест е личен и директно насочен кон популизмот и двојниот пристап на г-дин Каракачанов, ниту во еден момент не е насочен кон граѓаните на Република Бугарија или пак кон нејзините одбранбени сили кои ги сметам за пријателски и братски народ на македонскиот“ , напиша на Фејсбук градоначалникот Максим Димитриевски. .