дома Македонија Првата честитка стигна од Албанија

Првата честитка стигна од Албанија

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета прв му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател.

Мета во телефонскиот разговор со Пендаровски искажал убедување во одличната соработка во иднина не само меѓу двете земји,туку и за зајакнување на евро-атлантската перспектива на регионот.

Албанските медиуми во континуитет денеска известуваа за вторит круг од претседателските избори во Македонија. Посебен акцент ставија на мирната, фер и демократска атмосфера, а вечерва и за исполнетиот цензус и „клучната улога на Албанците во изборот на новиот претседател“.