дома КОВИД-19 (Коронавирус) Првите вакцини ќе пристигнат во февруари, велат од Министерството за здравство

Првите вакцини ќе пристигнат во февруари, велат од Министерството за здравство

Република Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, соопшти вечерва Министерството за здравство.

-Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата, велат од Министерството.


Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.