дома Македонија ПРВИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЗА ЗАЕВ: Денеска на собраниска седница, Заев и...

ПРВИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЗА ЗАЕВ: Денеска на собраниска седница, Заев и министрите за првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците

Зоран Заев и министрите денеска на собраниска седница првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците.

Седницата за поставување пратенички прашања се одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради локалните избори таа беше одложена.

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, но овојпат е поместена за петок имајќи ја предвид вчерашната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица.