дома Технологија ПРВОТО ПОРОДУВАЊЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Од бебешки чекори до неверојатни работи

ПРВОТО ПОРОДУВАЊЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Од бебешки чекори до неверојатни работи

Стартап компанијата планира да испрати бремени жени на 36-часовна мисија за да можат да се породат во орбитата. Првото бебе би можело да се роди во вселената во следните 12 години, изјави експертот д-р Еделброк.

Основачот и извршен директор на „SpaceBorn United“, д-р Егберт Еделброк изјави дека компанијата планира мисии каде бремените жени можат да раѓаат во орбита, и дека во моментов целта не е целата бременост да се одвива во вселената, туку самиот чин на раѓање.

SpaceBorn United е старт-ап компанија која ги истражува условите на репродукција на човекот во вселената и се фокусира на асистираната репродуктивна технологија.