дома Занимливости Првпат ја видел сопругата без шминка и веднаш побарал ра3Bвод: Ме и3мами

Првпат ја видел сопругата без шминка и веднаш побарал ра3Bвод: Ме и3мами

Мажот кој својата сопруга за првпат ја видел без шминка кога тргнала на пливање, веднаш поднел барање за развод.

Како што пишуваат локалните медиуми од ОАЕ, парот тргнал на пливање, а кога човекот ја видел својата жена без шминка, се разочарал.

Тогаш сфатил дека таа не само што постојано носи многу шминка, туку дека има и козметички зафат, користи вештачки трепки, како и обоени контактни леќи.

Триесет годишниот арап по брза постапка се развел од шест години помладата сопруга, бидејќи како што навел во барањето, го измамила со својата вештачка убавина.

Доктор Абдул Азиз Асаф, психолог кој после разводот зборувал со невестата изјавил дека младоженецот одбил било каков контакт и помирување со поранешната сопруга.