дома Свет ПРВ ОДГОВОР НА РУСИЈА ДО ТРАМП: Паметните ракети имаат за цел да...

ПРВ ОДГОВОР НА РУСИЈА ДО ТРАМП: Паметните ракети имаат за цел да ги сокријат трагите од хемискиот напад и да се оневозможи на меѓународните инспектори да работат!

Американските „паметни ракети“ за кои зборува претседателот Доналд Трамп можат да ги уништат сите докази за употребата на хемиско оружје во Сирија, изјави претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова

„Паметните ракети треба да летаат кон терористите, а не кон законитата влада која неколку години се бори против меѓународниот тероризам на целата територија на Сирија“, напиша Захарова на Фејсбук.

„Зарем инспекторите на ОЗХО не предупредија дека паметните ракети ќе ги уништат сите докази за употреба на хемиското оружје на терен? Или идејата е да се сокријат трагите од провокацијата со удари од паметни ракети и на меѓународните инспектори да им се оневозможи да најдат докази“, додава таа.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп напиша дека Русија треба да биде спремна да ги соборува ракетите истрелани кон Сирија.