дома Актуелно ПРВ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР: Двајцата светски лидери Владимир Путин и Доналд Трамп го...

ПРВ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР: Двајцата светски лидери Владимир Путин и Доналд Трамп го остварија првиот телефонски разговор!

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва разговарал со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп


Двајцата светски лидери размениле мислење за потребата за здружување на силите во борбата против меѓународниот тероризам и екстремизам, се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

„Владимир Путин и Доналд Трамп го делат мислењето за потребата да се здружат во напорите против заедничкиот непријател број еден – меѓунарониот тероризам и екстремизам. Во таа смисла разговарале и за решавање на кризата во Сирија“, стои во соопштението. Во соопштението на прес-службата се наведува дека Путин и Трамп се согласиле дека руско-американксите односи се наоѓаат во „многу лоша состојба“. Тие исто така ја разгледувале опцијата за активна заедничка соработка на нивна нормализација и „воведување во рамки на конструктивна соработка во широк спектар на праања“, вклучително и „формирање на цврсти основи за добри билатерлани односи преку развој на трговските и економски компненти“.

Путин и Трамп се сложиле да продолжат со контактите преку телефон, а во иднина да организираат и лична средба, се наведува во соопштението.

Рускиот лидер уште еднаш му честитал на републиканецот за победата на изборите и му посакал успех во спроведување на предизборната програма. Путин изразил спремност за партнерски односи со новата администрација на Белата Куќа „на принцип на рамноправност, взаемно почитување и немешање во внатрешните работи во државите“.