Преговорите не водат никаде, Брегзит повторно во ќорсокак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По дводневниот состанок на европските лидери, нема напредок во преговорите за односите меѓу Унијата и Велика Британија. Урсула фон дер Лајен и Борис Џонсон ќе разговараат денеска во обид да ги спaсат односите.

Последната рунда разговори заврши во петокот без никаков нaпредок. Двете страни се повикуваат едни на други на компромис. На крајот на годината истекува преодниот период за деловните односи по разделбата.

Европската унија и Велика Британија одредија краен рок за разговори кон средината на октомври, кој беше одложен до крајот на месецот.

Германската канцеларка беше прилично воздржана во очекувањата за исходот од преговорите.

„Преговорите влегуваат во одлучувачка фаза и во наредните денови ќе стане јасно дали сме напредувале. Многу ќе зависи од работите што ги сакаат или не ги сакаат Британците. Сепак, не можам да објавам дека е постигнат некаков чекор напред. За тоа ќе се одлучи во наредните денови“, рече Меркел.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This