дома Европа ПРЕДВРЕМЕНИ ИБОРИ ВО ГРЦИЈА: Ципрас ќе распише избори

ПРЕДВРЕМЕНИ ИБОРИ ВО ГРЦИЈА: Ципрас ќе распише избори

Случајот Новартис кој крена прашина, како и преговорите за името со ПЈРМ се сенка која може да доведе до предвремени избори, пишува денеска Катимерини.

Се истражуваат тврдењата дека швајцарската фармацевтска компанија Новартис поткупувала високи грчки функционери за да ги зголеми продажбата и цените на своите производи во државните болници. Меѓу функционерите поврзани со скандалот се гувернерот на централната банка Јанис Стурнарас, европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас и некогашниот технички премиер Панајотос Пикраментос. Корупцијата ја оштетила грчката држава за околу три милијарди евра.

Сите ги отфрлија обвинувањата.

Според Катимерини, аналитичарите во Грција велат дека случајот Новартис е во центарот на вниманието токму сега, за да се сврти вниманието од преговорите за спорот со името. Се смета дека Ципрас ќе побара предвремени избори токму поради овие причини. Катимерини пишува дека и покрај оптимизмот за спорот со името, знаците не се добри.