дома Македонија ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ СЕ ПОВЕРОЈАТНИ: Зијадин Села најави дека ќе има предвремени парламентарни...

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ СЕ ПОВЕРОЈАТНИ: Зијадин Села најави дека ќе има предвремени парламентарни избори

Денеска од Велес претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села рече дека најверојатно ќе има предвремени парламентарни избори, јавува репортерот на ТВ21.

Предвремени парламентарни избори бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а од владеачката СДСМ сѐ уште нема одлука по однос на ова прашање. Како што најави пратеникот Костадин Костадинов во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одлуката се очекува да биде донесена до крајот на оваа недела.