дома Македонија ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПAНИKA ПОРАДИ „КЕШ“: Прогласена eпидeмиja со само шест потврдени случаи –...

ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПAНИKA ПОРАДИ „КЕШ“: Прогласена eпидeмиja со само шест потврдени случаи – предизвикува ли Филипче пaникa за да ќари провизија?

Епидемија на морбили или мали сипаници беше прогласена откако само 12 случаји беа констатирани на територија на град Скопје.Се работи за заболени бебиња и мали деца, од 8 месеци до 4 годишна возраст, а примениот возрасен пациент е на возраст од 31 година.

Само шест од наведените 12 се констатирани, за останатите шест случаи сеуште се чекаат анализите за да се потврди присутноста на сипаници.

Паниката и прогласувањето на епидемијата со само шест потврдени и шест потенцијални случаи е малку сомнителна, особено ако се земе во предвид фактот што веќе од денес владата и министерството за здравство уште денес излегоа со видео записи изрботени за кампања која потикнува вакцинирање од морбили.

Дали ова претставува свесно предизвикување паника кај родителите на децата кои не се вакцинирани, а и кај оние кои веќе ги вакцинирале своите деца.

Како и да се земе, бројките велат дека преку 15.000 деца од Скопје не се вакцинирани со оваа вакцина, а некој ова го гледа како можност за бизнис и набавка на вакцини кои поради интервентноста ќе биде занемарена проверката на квалитетот на истите а продажбата ќе се обави на брзина.

Колку за компарација, во нашата земја, во изминатите години, особено во зимскиот период сме биле сведоци на зголемен број на заболени и од други заразни и вирозни болести од кои бројката достигнувала и над 2.000 заболени, но тоа не било причина за да се прогласи епидемија.

Со самиот факт што по само еден ден од прогласувањето на епидеимјата и забраната за посета на невакцираните деца во градинките, веќе се појавија видео зпаиси кои потикнуваат кампања за вакцинирање што укажува дека целокупаната ситуација или е инструирана или плански подготвена.