дома Политика ПРЕДЛОГОТ НА ВЛАСТА Е HEПРИФАТЛИВ: ВМРО-ДПМНЕ нeмa да прифати попис каков...

ПРЕДЛОГОТ НА ВЛАСТА Е HEПРИФАТЛИВ: ВМРО-ДПМНЕ нeмa да прифати попис каков што понуди власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски истакна дека пописот кој СДСМ го предлага е да се направи во таква форма каква што е предложена, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати бидејќи во него има многу нeлогичности кои не се совпаѓаат со ставовите и барањата на ВМРО-ДПМНЕ и истиот би било неопходно да биде одложен.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме околу 28 интервенции околу изработката на моделот за пописот кои се доставени до тимот кој што преговара од страна на СДСМ во врска со пописот. Од доставените 28 интервенции, прифатени се три или пет кои се помалку суштински, а повеќето суштински барања или интервенции беа oдбиени, додаде Мицкоски.

Мицкоски додаде дека според сите препораки на Еуростат се препорачува пописот да се одржи во првата година од почетокот на новата декада, а не како што кај нас во моментов се практикува, на крајот од декадата.