дома Македонија Пред утрешното рочиште за pyшењето на „Космос,“ Цаноски најави дека се повлекува...

Пред утрешното рочиште за pyшењето на „Космос,“ Цаноски најави дека се повлекува од политиката

Фијат Цаноски си поднесе оставка од лидерската позиција на Партијата за Европска Иднина, а со тоа се повлекува и од политичката сцена, дознава „Фокус“.

Оваа политика во изминативе 16 години, колку што бев на сцена, навистина ме измори. Јас имам 43 години работен стаж. Имам деца, внуци и фамилија на кои сакам да им се посветам во наредниот период од мојот живот. Искрено, многу повеќе можам и ќе помогнам ако сум надвор од политиката. Имам вработено преку 400 луѓе во моите компании. Имам одлични проекти кои ќе донесат добробит на целото општество, изјави Цаноски за „Фокус“.

Оваа негова најава доаѓа пред утрешното рочиште за случајот „ТНТ“ за рушењето на неговиот компекс „Космос“ каде Цаноски има побарување од 40 милиони евра отшета.