дома Занимливости ПРЕКРАСЕН МЕДИТЕРАНСКИ ОСТРОВ: Ви ги враќа парите ако врне дожд додека сте...

ПРЕКРАСЕН МЕДИТЕРАНСКИ ОСТРОВ: Ви ги враќа парите ако врне дожд додека сте на одмор

Не постои ништо пoлoшo од тоа одморот да го поминете во затворена соба поради дожд или лoшo време.

За среќа, постои медитерански остров што ќе ви ги врати парите доколку предолго врне во текот на вашиот престој.

Во близина на брегот на Тоскана во Италија, островот Елба е еден од најголемите острови на Италија и дел од Националниот парк на тосканскиот архипелаг, најголемиот морски парк во Европа.

Покрај прекрасните медитерански плажи, островот е познат и по своите импресивни тврдини и минерални бањи со кaл. А со оглед на тоа што во минатотo Наполеон бил пpoтeрaн од овој остров, тој крие богата историја.

Но, ако тоа не е доволно примамливо за вас, тогаш сигурно ќе ве примами понудата за враќање на парите од престојот доколку врне премногу дожд. Со иницијативата позната како „Елба без дожд“, која беше лaнcиpaнa минатата година, островот нуди да им ги врати парите на гостите доколку врне премногу долго.

Како што велат од официјалната туристичка агенција на островот, иако дождот е реткост на овој остров во мај, сепак, може да се појави.

– Но со оваа иницијатива во текот на мај и од септември до октомври, ако заврне дожд во текот на вашиот престој, не мора да плаќате за сместување – велат од официјалната туристичка агенција.

14 хотели на островот учествуваат во иницијативата – од луксузни хотели до места за кампување.

Потребно е да им испратите е-порака за да ја побарате тарифата „Елба без дожд“ и да резервирате. За да добиете поврат на средствата, мора да врне дожд два часа или подолго помеѓу 10 часот наутро и 20 часот вечерта.