дома Економија ПРЕКУ 1200 ДОЗОВОЛИ ЗА РАБОТА ПОБАРАЛЕ МАКЕДОНЦИ ВО ХРВАТСКА: Се повеќе македонци...

ПРЕКУ 1200 ДОЗОВОЛИ ЗА РАБОТА ПОБАРАЛЕ МАКЕДОНЦИ ВО ХРВАТСКА: Се повеќе македонци на работа во Хрватска

Според хрватскиот завод за статистика за претстојата летна сезона се издадени нешто повеќе од 12 000 дозволи за работа на лица од балканските земји.

Истра е еден од најатрактивните региони за летна работа во Хрватска, па затоа се издадени дозволи за повеќе од 6.000 странски работници. Пореч имало највеќе барања, и тоа над 1.900, Пула има издадено 1.886 дозволи, а за Ровињ 839, додека за Умаг се издадени 789 дозволи.

Тоа е 45% повеќе од вкупниот број дозволи издадени во 2018 година.

Статистиките говорат дека работници доаѓаат од регионот, и тоа 45% од БиХ, 30% од Србија, 10% од Македоија и 6% од Косово.

Ако се земе процентуалната застапеност, преку 1200 наши сограѓани заминале на печаба во Хрватска по легален пат, а има и такви кои работат на црно