дома Свет ПРЕКУ 200 ЗАГИНАТИ ВО НУКЛЕАРНА ПРОБА: Северна Кореја тестираше нуклеарна бомба, најмалку...

ПРЕКУ 200 ЗАГИНАТИ ВО НУКЛЕАРНА ПРОБА: Северна Кореја тестираше нуклеарна бомба, најмалку 200 загинати!

Се верува дека преку 200 луѓе загинале во тунел кој се срушил на местото на кое Северна Кореја извела нуклеарна проба, јавуваат јапонските медиуми

Тунелот бил во изградба на полигонот Пунгјери кога се срушил, а стотина луѓе во него останале заробени, јавува јапонската радио-телевизија „Асахи“, повикувајќи се на неименуван извор од Северна Кореја.

Постои стравување дека уште стотина лица можеби загинале за време на операцијата за спасување кога тунелот повторно се срушил.

Новинската агенција Јонхап, предупредува дека најверојатно местото ослабнало и станало нестабилно поради неколкуте неодамнешни нуклеарни тестови.

Најмоќниот тест, за кој многумина веруваат дека била хидрогенска бомба, е изведен на 3. септември. Според експертите, експлозијата го дестабилизирала регионот и го направила полигонот за тестирање Пунгјери небезбеден за нуклеарни проби.