дома Социјални Мрежи Пренџов за предлогот на Фити: Ова не е случајно, ова е пробен...

Пренџов за предлогот на Фити: Ова не е случајно, ова е пробен балон испратен од Премиерот со цел припрема на јавноста за тоа што следи

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ реагираше на изјавата на академик Таки Фити, кој денес предложи ново зголемување на даноците во земјата. Пренџов посочи дека овој предлог е пробен балон кој најавува што ќе следи

„Држава во која според Светска Банка и ОЕЦД има триесетина проценти “сива економија”, односно, секоја трета фирма или поединец работи на “црно” и не плаќа даноци на државата, Академиков и близок соработник на Заев чија ќерка стана и член на Извршниот Одбор на СДСМ, ни предлага ново зголемување на даноците???!!!
Има ли пилот во ова наше општество?
Има ли правдина?
До кога мислат да нѐ осиромашуваат?
Ова не е случајно. Ова е пробен балон испратен од Премиерот со цел припрема на јавноста за тоа што следи. Академиков е само “курирот”.
П.С – за власта 45 нови и луксузни автомобили, а за народот нови даноци. Е, нема да може како што сте замислиле!!!“, пишува тој на социјалните мрежи.