дома Занимливости Престапна година: Едвај го „пpежиBеавме“ јануари, а не очекува продолжен февруари

Престапна година: Едвај го „пpежиBеавме“ јануари, а не очекува продолжен февруари

Поради празниците и вообичаеното финансиско опуштање, купување подароци и славење јануари меѓу македонските граѓани вообичаено е познат како најдолгиот месец во годината. При крај на месецот сите едвај чекаат да заврши бидејќи се материјално, психолошки и физички истрошени.

Но за разлика од претходните три години, 2020 е поразлична затоа што е престапна, што значи дека наместо вообичаените 365 дена, годинава има еден ден повеќе. Престапна е секоја четврта година во која февруари наместо 28 има 29 дена.

Така што, годинава ќе треба да почекаме еден ден повеќе за да заврши февруари.
Интересно е што ова е престапна година која почна во среда и повторно ваква престапна година ќе има во 2048 година.

Според народните верувања, во престапна година не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Народот верувал дека се што се прави во престапна година е со краток рок иако годината има еден ден повеќе.

Среќни во ваква година, според народот, се децата родени во таа година.