дома Хроника Претепани полицајци во Кичево – две лица приведени

Претепани полицајци во Кичево – две лица приведени

Во ОВР – Кичево денеска се лишени од слобода А.М.(38) и П.М.(38) двајцата од кичевското село Лазоровци.

Тие на улицата „11-ти Септември“ во Кичево, најнапред вербално, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

– Двајцата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот во ОВР – Кичево, Стефан Димоски.