дома Балкан Претседателот Вучиќ е добро, ако има промена, ќе ја известиме јавноста

Претседателот Вучиќ е добро, ако има промена, ќе ја известиме јавноста

Претседателот на Србија Александар Вучиќ е во добра здравствена состојба, потврдила неговата советничка за медиуми, Сузана Васиљевиќ.

Претседателот Вучиќ е добро, а доколку има било какви промени во здравствената состојба, ќе ја известиме јавноста за тоа, како и досега. Се заблагодаруваме на грижата – рекла таа.

Инаку денеска корона вирусот е потврден кај министерот за одбрана Александар Вулин, директорот на канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ, како и кај претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ.