дома Македонија ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА: Иванов ќе одржи предавање на...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА: Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод неговото учество на Глобалниот лидерски форум во организација на Универзитетот Бахчешехир во Истанбул.

Претседателот Иванов, како што соопшти денеска неговиот кабинет, ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува на тема „Стратешки алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите“.

Меѓу темите на дискусија на Глобалниот лидерскиот форум се „Претседателството на Трамп: Промени во американската политика и нејзиното влијание врз светскиот поредок“, „Идни сценарија за Европската Унија“, „Улогата на Јужна Америка во светскиот поредок“, „Безбедноста и политички анализи за Средниот Исток“.