Шефот на државата Ѓорге Иванов нема да може да го даде својот глас „за“ или „против“ на референдумот за името, заради тоа што ќе ја претставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
-Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата, велат од Кабинетот.