дома Локално Приведен поранешен градоначалник на Демир Капија

Приведен поранешен градоначалник на Демир Капија

Финансиската полиција денеска привела четири луѓе од Демир Капија, меѓу нив и поранешен градоначалник на општината. Тие се приведени на информативен разговор, велат од финансиската полиција. Од Управата за финансиска полиција за МИА велат дека по завршувањето на разговорот со приведените во соработка со Јавното обвинителство ќе се одлучува за понатамошна постапка.