дома Европа Принцот Вилијам донесе неочекувана одлука: Кралството шокирано

Принцот Вилијам донесе неочекувана одлука: Кралството шокирано

Принцот Вилијам и неговото семејство се најверојатно најдобриот пример за луѓе со „сина крв“ бидејќи долго време беа посветени на хумани професии и добротворни акции.

Затоа принцот Вилијам по десетина година на пилотирање на хеликоптер, најпрво за армијата и тоа во воени мисии во Авганистан, а подоцна и за итната медицинска служба, конечно се враќа во Лондон како вистински благородник со цел да преземе повеќе одговорности во палатата на неговата баба кралицата Елизабета Втора.

Тој со семејството, војвотката Кејт и нивните две деца принцот Џорџ и принцезата Шарлот заедно ќе се преселат во Лондон и таму ќе го продолжат нивното образование. Вилијам ќе престане да лета во јули кога му истекува договорот и на медиумите им посочи дека тие искуства ќе му бидат драгоцени целиот живот бидејќи научил многу, а имал огромна почит за луѓето со кои служел во армијата и медицинската служба.