дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пристигнаа 10 530 Фајзер вaкцини во Македонија

Пристигнаа 10 530 Фајзер вaкцини во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека попладнево стигна првата пратка од вакцината Фајзер, која МЗ ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.

Станува збор за 10.530 дози од вакцината Фајзер, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација.