дома Свет ПРИСУСТВО НА АМЕРИКАНСКА АРМИЈА, ЗНАЧИ И РИЗИК ОД ВОЈНА: Присуството на американска...

ПРИСУСТВО НА АМЕРИКАНСКА АРМИЈА, ЗНАЧИ И РИЗИК ОД ВОЈНА: Присуството на американска војска во странска држава значи и зголемен ризик од граѓанска војна

Во нова студија на „РАНД Корпорејшн“ – Американска непрофитна тинк-тенк организација – пишува дека „обезбедувањеот на воена поддршка од САД може да биде поврзано со зголемен ризик од државна репресија и зголемена инциденција од граѓанска војна“

Сепак, тинк-тенк организацијата која е финаннсирана од армијата, тврди дека присуството на американски трупи се асоцира со „намален ризик на меѓудржавна војна“ како и дека „сојузниците иницираат помалку милитаризирани несогласувања“ во новиот извештај за февруари.

Присуството на трупи би можело да ги одврати државните актери од декларирање на војна, но „присуството на САД би можело да ги зголеми меѓудржавните милитаризирани активности пред војна“, стои во извештајот на РАНД. На ова се додава и аргументот дека ако армијата на САД е присутна во некоја земја тогаш таа е таму бидејќи армијата се подготвува за борба.

„Блиското присуство на трупи на САД се асоцира со повисока шанса за милитаризирани несогласувања од помал интензитет“, стои во извештајот.