дома Здравје ПРИТИСОКОТ НА МЕДИУМИТЕ УСПЕШЕН: Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди пари за...

ПРИТИСОКОТ НА МЕДИУМИТЕ УСПЕШЕН: Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди пари за малечката Валерија!

Фондот за здравство во однос на апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, стапи во контакт со родителот и утврди дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа – пренесува Фокус

– Иако, немаме добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, Фондот за здравствено осигурување веќе закажа состанок со стручните лица од ЈЗУ УК за неврохирургија и со ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Фондот максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице доколку конзилијарно мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи – се наведува во соопштението од ФЗОМ.