August 17, 2022, 4:23 am

Приштина се закани на Белград: Ќе следи целосен реципроцитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер изјави дека владата на чие чело е се „подготвува да воспостави целосен реципроцитет спрема Србија“. Додаде и дека „не може да се направи сè одеднаш“.

Курти за телевизијата КТВ кажа дека на состаноците во Брисел го изнел предлогот за реципроцитет околу правата на националните малцинства „на Косово и во Србија“, но дека тој предлог бил одбиен.

„Добро сме подготвени за да нема неуспех кога ќе воспоставиме целосен реципроцитет. Во моментов имаме реципроцитет за регистарските таблички, но ќе го примениме и на други области. Битката продолжува, ќе примениме реципроцитет но не можеме сè одеднаш“, кажа косовскиот премиер.

Курти кажа дека верува дека ќе биде воспоставен целосен реципроцитет но додаде и дека косовската влада мора да спроведе стратегии кои реципроцитетот ќе го направат применлив.

Негираше дека му била ускратена виза за САД и додаде дека неговиот кабинет подготвува посета на таа земја за следната година.

Курти ги отфрли обвинувањата дека го променил односот кон новинарите по доаѓањето на власт, наведувајќи дека е „најтранспарентниот премиер“ кој Косово го имало.

„Јас сум и премиер кој одговорил на повеќето пратенички прашања за кои поднесувам сметка. Имавме 120 конференции за медиумите за осум месеци. Тука се и конференциите на министерствата, заменик премиерот или замениците министри. Што се однесува до транспарентноста, направивме доста и кога станува збор за официјалните документи. Одговоривме на 406 прашања на новинари, од 441 барање“, изјави Курти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This