дома Македонија ,,ПРИЈАТЕЛСТВО” НА ДЕЛО: За грчкото МНР македонската нација е вештачка творба измислена...

,,ПРИЈАТЕЛСТВО” НА ДЕЛО: За грчкото МНР македонската нација е вештачка творба измислена од Тито!!!

„Корените на прашањето за името се враќаат на последиците од Втората светска војна, кога Маршал Тито го одвои регионот, кој дотогаш беше наречен Вардарска Бановина (т.е. сегашната Република Северна Македонија) од Србија, му го додели статусот на федерална компонента на тогаш новата Федерална Југославија, првично преименувајќи ја во ‘Народна Република Македонија’, а подоцна и во ‘Социјалистичка Република Македонија’. Во исто време, тој почна да ја негува идејата за посебна ‘македонска нација’.

Маршалот Тито имаше, секако, многу причини за преземање на овие чекори. Неговата намера беше, пред сè, да се постават основите за идните територијални претензии на Југославија во поширокиот регион на Македонија и да се обезбеди излез на Егејско Море. Аспирациите на Тито во поголемиот дел од Македонија веќе беа потврдени во 1944 година, кога јавно кажа дека неговата цел е да ги обедини ‘сите делови на Македонија која беше распарчена во 1912 и 1913 година од страна на балканските империјалисти’“, пишува на официјалната интернет страница на грчкото МНР.

„Против оваа историска заднина, поранешната југословенска Република Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година, засновајќи го своето постоење како независна држава на вештачкиот концепт за ‘македонска нација’“, се додава во текстот што почнува со тврдењето дека зборот „Македонија“ е грчки и оти древните Македонци се дел од грчката нација, а завршува со преговорите и со интегрално пренесување на договорот од Нивици, стои на официјалната веб страницата на грчкот МНР.